сабота, 19 октомври 2024

Захарова: Не треба да се тестира нашето трпение во однос на нуклеарното оружје

Објавено на

часот

Сподели

Нејзините коментари уследија по серијата предупредувања од високи руски функционери, вклучително и претседателот Владимир Путин, дека западната воена поддршка за Украина ги зголемува ризиците од катастрофален нуклеарен конфликт.

„Ќе направиме сѐ за да спречиме развој на настаните кон најлошото сценарио, но не по цена на кршење на нашите витални интереси“, рече Захарова на редовната прес-конференција, пренесува Ројтерс.

„Не препорачувам некој да се сомнева во нашата решителност и да ја тестира во пракса“, додаде таа.

Русија остро го критикуваше снабдувањето на Украина со западно оружје и проширувањето на воената алијанса на НАТО поблиску до нејзините граници со приклучувањето на Финска, која овој месец стана 31-та членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

„Тие (САД) продолжуваат намерно да ги кршат нашите фундаментални интереси, намерно создаваат ризици и го зголемуваат влогот во конфликтот со Русија…“, рече Захарова.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, близок сојузник на Путин, изјави претходно оваа недела дека светот е „многу веројатно на работ на нова светска војна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ