сабота, 27 јули 2024

Захарова: НАТО е длабоко вклучен во конфликтот во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Дали навистина мислите дека НАТО не е во војна со Русија? Всушност, НАТО го обезбедува оружјето, борците, платениците, тренерите, советниците и разузнавачките информации за режимот во Киев. НАТО дефинитивно е вклучен во воените активности таму, нема сомнеж. НАТО е тој што го донесе режимот на Киев до оваа точка“, истакна Захарова, пренесува ТАСС.

Според руската агенција ТАСС, рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари 2022 година најави специјална воена операција врз основа на барањето на водачот на република Донбас во услови на ескалација на тензиите во регионот, при што властите во Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск пријавија за некои од најтешките гранатирања до сега.

Како одговор на тоа, Западот воведе санкции против Русија. Освен тоа, западните земји почнаа да ја снабдуваат Украина со големи количества оружје и воена опрема, чија вкупна вредност во моментов се проценува во милијарди долари.

Киев постојано бараше на украинските сили да ѝм се обезбеди дополнително оружје и понапредна опрема, ракети со долг дострел и авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ