вторник, 22 октомври 2024

Захарова: Киев ја забрани Украинската православна црква за да го искорени православието

Во Украина е усвоен законот со кој се забранува Украинската православна црква за конечно да се уништи православието и да се замени со лажна црква, оцени портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тука целта е во корен да се уништи канонското православие и наместо него да се воведе лажна црква. Не станува збор за расколничка, туку во буквална смисла лажна црква која само навидум користи слични обреди“, кажа Захарова.

Со грабањето на црквите, манастирите и храмовите, лажната црква се потсмева на православниот свет, оцени Захарова.

Чест, пофалба и наклон до под на оние жители на Украина, без оглед на националноста, кои по цена на животот и покрај ризиците го чуваат вистинското православие на територијата на Украина, порача таа.

Украинскиот парламент вчера го усвои законот со кој се забранува Украинската православна црква на територијата на таа земја. Законот стапува на сила 30 дена по објавувањето.

Предлог законот за забрана на УПЦ е подготвен по директна наредба на претседателот на Украина Володимир Зеленски кој објасни дека документот ќе ја „зајакне украинската духовна независност“ и „ќе ја лиши Москва од можноста да ја ограничува слободата на Украинците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ