сабота, 27 јули 2024

Захарова: Израел не ги осуди украинските напади врз Русија

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, откри зошто Русија не го осуди нападот на Иран врз Израел.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Израел не ги осуди украинските напади на руска територија“, напиша Захарова на својот канал Телеграм.

Захарова на тој начин го коментираше повикот на амбасадорката на Тел Авив во Москва, Симона Халперин, Русија да го осуди масовниот напад на Иран врз еврејската држава.

„Симона, потсети ме кога Израел осуди барем еден напад на режимот во Киев врз руските региони, не се сеќавам! Но, се сеќавам на редовните изјави на израелските официјални лица за поддршка на постапките на Зеленски“, додаде Захарова.

Министерството за надворешни работи на Русија, ги повика Иран и Израел на воздржаност по нападот.

Амбасадорката Халперин претходно изјави за Риа Новости дека Израел очекува Русија да ги осуди ракетните и беспилотните напади на Иран врз Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ