„Како што знаете, овие докази постојат. Што се однесува до тоа дали ќе ги објавиме, зборувајќи за информациите за какви докази станува збор, тоа зависи од целта и од тоа како ќе се развива ситуацијата околу истрагата“, кажа Захарова на прес конференција.
Таа потсети дека Русија повеќе пати нудеше своја соработка во истрага на сите заинтересирани страни „и јавно и низ постоечките официјални правни канали меѓу агенциите за спроведување на законите“, но не доби никаква поддршка.
„Според моето мислење, оние кои ја водат истрагата во странство, Данска и Шведска, таму е веќе сè јасно, но во Германија би требало да има заинтересирани за размена на материјали. Во примањето податоци од нас, во пружањето релевантни информации. И не само што бевме спремни на ова, туку и инсистиравме на тоа“, истакна Захарова.
Според неа, Русија ја продолжува сопствената истрага, почната под покровителство на Обединетите нации. Шефот на руската надворешна разузнавачка служба СВР, Сергеј Наришкин, веќе кажа дека Москва има докази за извршителите на терористичкиот напад, потсети Захарова.
Наришкин во понеделникот кажа дека напредокот на истрагата за терористичките напади не дава надеж дека вистинските виновници ќе бидат идентификувани и казнети. Додаде дека СВР има апсолутно сигурни информации за директна вмешаност на САД и Британија во терористичкиот напад на гасоводот.
Портпаролот на Кремљ, пак, Дмитриј Песков, истакна дека ваква операција не можела да биде изведена од мала група луѓе. Според него, големи држави се вклучени во саботажата на гасоводот.