сабота, 27 јули 2024

Захарова го нападна Западот: Се обидуваат да ја разгорат и онака тензичната ситуација во Србија

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Западот се обидува да ја разгори и онака напнатата политичка ситуација во Србија, користејќи инструкции за државни удари во стилот на украинскиот Мајдан.

Објавено на

часот

Сподели

„Единствената можна реакција е почитување на уставот на земјата и волјата на српскиот народ, кој гласаше за националните интереси на својата земја“, изјави Захарова за руската државна агенција ТАСС.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во итно обраќање до нацијата, рече дека обидот на приврзаниците на прозападната опозиција да упаднат во градското собрание во Белград е поттикнат од надворешни сили и дека целта е да се поткопа суверенитетот на земјата.

Тој претходно истакна дека протестите и провокативните изјави на опозицијата нема да дадат никакви резултати бидејќи „власта во Србија се менува само на избори“.

Рускиот амбасадор во Белград Боцан Харченко изјави дека Вучиќ го информирал дека Западот стои зад протестите и дека претседателот има „непобитни докази“ за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ