сабота, 27 јули 2024

Захарова: Германските власти го рехабилитираат нацизмот

Ставот на германската влада околу соработката на украинските националисти со германските нацисти за време на Втората светска војна може да се оцени како отворена рехабилитација на нацизмот преку манипулација на историските факти, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Објавено на

часот

Сподели

Повод за нејзиниот коментар е соопштението на германската влада во кое се наведува дека се осудува секој облик на десничарски екстремизам, расизам и антисемитизам, но дека не е спремна со тие зборови да ги окарактеризираат нацистичкиот колаборационист Степан Бандера, дивизијата на СС Галиција, ОУН-УПА (организација забранета во Русија( или современиот украински неонацистички баталјон Азов.

Се истакнува дека владата на Германија на сите прашања за ширењето и искажувањето неофашизам во Украина одговорила дека „нема податоци за тоа“.

„Така денес изгледа отворената рехабилитација на нацизмот – преку манипулација со историските податоци, отворена замена на поими, премолчување и негирање на одредби од Нирнбершката пресуда, а потоа, како резултат на тоа, вооружување на неонацистите во Украина. не сум сигурна дека може да се пополнат празнините во образованието на владејачката германската елита“, порача Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ