петок, 27 септември 2024

Захарова до Борел: Дали за Косово важи истата логика како за Украина?

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова праша дали логиката на шефот на дипломатијата на Европската Унија за „нарушувањето на интегритетот на Украина“, важи за Србија во случајот на Косово и Метохија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа ги истакна зборовите на Борел кој кажа дека доколку Украинците се предадат и се согласат на „нарушување на интегритетот на својата држава, дека тоа ќе стане добар пример за агресорот кој ќе сака ова повторно да го направи“.

„Завршно прашање за Борел: дали оваа логика важи и за Србија, на која Западот и ја отсече историската територија Косово?“, праша Захарова на Телеграм. „Заедно со Србите чекаме одговор од Брисел“.

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел, како домаќин на неформален состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека меѓународните правила никогаш не биле толку занемарени како денес.

„Светот е погоден од многу кризи, до таа мера што меѓународните правила никогаш не биле толку занемарени. Меѓународниот систем на правила никогаш не бил толку слабо спроведен и почитуван“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ