сабота, 27 јули 2024

Захарова до Бајден: Каде беше условот за преговори за признавањето на Косово?

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова денес реагираше на изјавата на Белата куќа дека претседателот на САД Џо Бајден смета дека палестинската државност треба да се достигне со преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа го праша Вашингтон кога такви преговори биле водени за Косово. Таа на својот канал на социјалната мрежа Телеграм потсети дека независноста на Косово не дојде преку преговори на Белград и Приштина, како што од Палестина се бара до државноста да дојде преку директни преговори со Израел.

„А што има американскиот претседател со Косово? Ќе ве потсети ли кога завршија „билатералните директни преговори меѓу страните“? Нормално, нема. Немаше преговори на Белград и Приштина кои завршиле со признавање на независност на територијата, ниту легитимен референдум на Косово“, порача Захарова.

Таа истакна дека немало преговори, туку „парада на еднострани, нелегитимни признавања на наводната независност“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа кажа денес, откако Ирска, Шпанија и Норвешка најавија дека овој месец ќе ја признаат државата Палестина, дека претседателот на САД Џо Бајден верува дека палестинската државност треба да се достигне со преговори, а не со еднострани признавања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ