Таа реагираше на изјавата на Трудо дека сите опции се „на маса“ кога станува збор за испраќање мировници во Украина, пренесува РИА.
„А кој ќе го брани канадското тло во случај на американска експанзија кон север? Очигледно, Украинците што побегнаа во Канада за да избегнат мобилизација“, напиша Захарова на својот канал Телеграм.
Претходно денеска, Трудо рече дека Канада ги разгледува сите начини на кои може да ѝ помогне на Украина.
„Се разговара за тоа како да се одржи мирот што сè уште не е воспоставен, но Канада ќе биде тука и е отворена да го направи она што е неопходно“, рече Трудо по средбата со европските лидери за Украина во Лондон.
Тој, исто така, изрази поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека е важно јасно да се постават фактите.
Одговарајќи на прашањето дали Трамповата Америка сѐ уште ѝ е сојузник на Канада, Трудо нагласи дека Вашингтон и Отава „секогаш се сојузници“.