понеделник, 6 јануари 2025

Захариевски е нов тренер на Пелистер

Пелистер го назначи Срѓан Захариевски за нов тренер, ова за него ќе биде вторпат да го води битолскиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Срѓан Захариевски кој оваа сезона беше тренер на Вардар, од денеска е нов предводник на Пелистер.

„Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година“, се вели во соопштението на Пелистер.

51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција.

Захариевски ќе прозива на осми јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ