сабота, 27 јули 2024

Захариески: ЗНАМ ќе субвенционира проекти за развој на туризмот

Движењето ЗНАМ планира директно субвенционирање на проекти со кои ќе се афирмира  природното и културното наследство, развивање алтернативни облици на туризмот – планинарење, качување,  велосипедизам, кампување, оф роуд скијање, алпинизам, етнотуризам, како и развој на бањскиот и на медицинскиот туризам на највисоко ниво и субвенционирање на наменски авионски летови за туристички групи кои ќе ги посетат тие локации, изјави на прес-конференција Небојша Захариески, носител на листа за пратеници на ЗНАМ во Шестата изборна единица.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, како што додаде Захариески, инвестициите во инфраструктурата се како предуслов за изградба и модернизација на нови бањски системи.

Тој рече дека развојот на туризмот со промовирање на природното и културното богатство на државава, со мерки за подобрување на инфраструктурата и капацитетите и инвестирање во бањскиот и медицинскиот туризам се некои од приоритетите во „Прогласот за достоинствена Македонија“ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Како што рече Захариески, имаме одлични природни предуслови за максимален раст и развој само доколку правилно и домаќински се менаџира со  процесите.

„Подобрување на менаџирањето на сите национални паркови во Македонија, особено нивно поврзување со сите локални туристички чинители во најширок контекст со цел забрзување на промоцијата и препознатливоста на туристичките содржини и екслкузивитети со кои располага Македонија како неоткриена светска дестинација“, рече Захариески.

За реализација на нивните афирмативни мерки за туризмот, во програмата на ЗНАМ е предвидено во најбрз рок да се воведе систем за формирање туристички дестинации според европски модел. Како што појасни, за подобро претставување пред светската туристичка клиентела,  осумте плански региони ќе претставуваат осум туристички дестинации, плус градот Скопје.

Овие мерки, рече Захариески, ќе ги спроведуваат во соработка со туристичките комори и синдикални туристички организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ