вторник, 7 јануари 2025

Загинатите жени во сообраќајката кај Рашче биле роднини, со дронови се бара возачот А.А.

Полицијата ги објави и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од село Грчец. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Објавено на

часот

Сподели

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘8-ми Септември’, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, се вели во соопштението на МВР.

Покрај загинатите, во автомобилот имало и четиригодишно дете, кое по несреќата е најдено покрај патот од случајни минувачи и пренсено во Клиничкиот центар. Медиумите известуваат дека патниците во возилото што излета во Вардар, биле роднини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ