понеделник, 17 март 2025
По трагедијата во Кочани

Загинаа 59 лица, а 155 се повредени

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

Од загинатите идентификувани се 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип.

„Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави Тошковски и додаде дека меѓу загинатите бил и еден полицаец, кој вршел контрола за евентуално откривање дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ