сабота, 27 јули 2024

Загина возрасна жена во пожар во Матејче

Вчера во СВР Куманово од Итна медицинска помош Липково било пријавено дека во село Матејче била констатирана смрт кај Н.М.(83) од Липково, како последица од пожар.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, пожарот настанал во собата во која што била Н.М., кој потоа бил изгаснат од членови на семејството. Лекар од Итната помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството, соопшти МВР.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ