сабота, 19 октомври 2024

Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка

Објавено на

часот

Сподели

Според СВР Тетово, околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон управувано од М.К. (56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.

„Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало“, наведуваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ