четврток, 6 март 2025

Загина велосипедист, приведен е 26–годишен возач од Скопје

Десетина минути по полноќ денеска во тешка сообраќајна несреќа загина Б.К. (78) кој на велосипед беше удрен од возило „мицибуши аутлендер“ управувано од К.В. (26) од Скопје. Сообраќајката се случила на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ