сабота, 27 јули 2024

Загина тракторист

Вчера на локалниот пат од селото Зрновци кон селото Мородвис, кочанско, се преврте трактор. Во несреќата загина возачот на тракторот.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира деа несреќата била пријавена вчера во 13.29 часот. Во соопштението се вели дека на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ