сабота, 27 јули 2024

Загина пешак во сообраќајка во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило шевролет на главната улица во Нов Дојран.  

Објавено на

часот

Сподели

Патничко возило шевролет со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата Маршал Тито во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ. (48) од Нов Дојран. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР. 

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ