Во несреќата учествувале автомобил фиат со струмички регистарски ознаки и трактор ИМТ, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш. од село Костурино.
„На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Т.Б. од село Костурино, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобил Г.Б. од истот село, кој бил сопатник во полуприколката. Возачот на возилото фиат го напуштил местото на настанот. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица“, пишува во информацијата од СВР Струмица.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото фиат.