25-годишниот фудбалер кој бил присутен во дискотеката, помагал да се извлекуваат присутните, за жал во таа негова херојска борба да спаси колку што е можно повеќе животи, го загубил својот задушувајќи се од чадот.
„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, стои во дел од соопштението на Шкупи.
Лазаров во својата кариера покрај за Шкупи настапуваше за екипите на Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш и Горица.