сабота, 19 октомври 2024

Загина градежен работник од Турција во Скопје, паднал од 10 метри височина, повреден е и косовски државјанин

Објавено на

часот

Сподели

Од скопската клиника изјавија дека максимално се обидувале да го оживеат несреќниот работник од Турција, но дека повредите биле од таква природа што тоа не било можно и на крајот морало да се констатира дека настапила смрт.

„Лицето е примено на ургентен во 18.30 часот, со тешки повреди. Починат е во 19:20 часот. Реанимиран е четириесетина минути.  Бил паднат од висина од десет метри, така кажаа од брзата помош која го донесе работникот“, изјави директорот на ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски.

Од МВР соопштија:

На 2 мај во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на подрачјето на Центар со повреди се здобил работникот Ф.А.(34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување лекарска помош. Од здобиените повреди Ф.А. нешто подоцна починал“, пишува во кусото полициско соопштение.

Во скопската населба Бутел, пак, повреден е градежен работник од Косово.

„Вчера во 16 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники Мајка Тереза било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Џ.Д. од Косово. Според пријавеното, тој се здобил со повреди на објект во изградба на подрачје на Бутел“, соопшти МВР.

Од МВР информираат дека бил извршен увид на местото на несреќата.

                                                                                                                                Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ