вторник, 28 мај 2024
Бојан Јовановски на распит

Пораките на Боки 13 со Спасовски, Заев, Русковска… завршија во рацете на обвинител

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, поранешните генерални секретари на СДСМ, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и актуелниот, Миле Зачевиќ но и поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, се дел од десетиците функционери против кои Бојан Јовановски познат како Боки 13 поднел кривични пријави до ОЈО ГОКК, а за што денеска беше повикан на прв распит во ова Обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа истрага на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК) следува откако Бојан Јовановски познат како Боки 13 поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје уште во февруари 2023 година, кривични пријави кои сега се дел од истрагата на ОЈО ГОКК.

Како што објасни Јовановски на прес конференција, тој на распитот денеска изнел дел од своите сознанија против политичарите и правосудните функционери за кои поднесе кривични пријави, а дел од доказите кои ги поседувал ќе му ги предаде на Обвинителството по писмен пат.

„Сите мои сознанија ќе бидат материјализирани со докази кои потекнуваат од мојот телефон кој што ми беше одземен при апсењето во случајот Рекет. Станува збор за повеќе кривични дела, злоупотреба на службената положба, злоупотреба на јавни набавки, изборни нерегуларности, незаконско финансирање политичка партија. Освен за злоупотреба на службената положба, обвинителката Вилма Русковска е пријавена и за тортура и примање поткуп“, кажа Јовановски.

Тој рече дека станува збор за сторени кривични дела од страна на посочените функционери кои се јавна тајна во Македонија, но кои досега формално-правно не биле пријавени. Тој најави дека ќе поднесе и нови кривични пријави, но не откри против кого.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ