сабота, 1 март 2025

Заемник директорот на Македонски шуми добива закани од „шумската мафија“

Кире Михаилов, заменик директорот на Македонски шуми на својот фејсбук-профил објави дека во МВР пријавил закани по живот. Тој во последниот период е многу активен во спречувањето на дивата сеча на шумите во Македонија, за што го доби и прекарот Елиот Нес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерва во МВР поднесувам пријава поради закани насочени по здравјето на мојот живот и моите најблиски, а секако како резултат на мојот личен влог во борбата со криминалот. Сакам јавно да им порачам на сите, но пред сѐ на оние од другата страна на законот дека ниту во периодот кој одмина, ниту во периодот кој доаѓа имам намера да отстапам од ова кое што го започнав. Јас не се исплашив во периодот кога мафијата ја водеше државата, уште помалку ќе застанам сега. Ветивме промени, ќе ги донесеме без разлика која и каква ќе биде цената на тие промени“, напиша вчера Михаилов.

Тој во неколку наврати информираше за заканите на моќната „дрвена мафија” откако на неколку локации спречи милионски криминал во кој беа вклучени дрвосечачи, криминалци и моќни партиски структури.

Заменикот директор во јавното претпријатие Македонски шуми Михаилов вели дека дел од таа шумска мафија во кеш купуваат дрва излегувајќи од нивните „мерцедеси“.

Последните негови акции беа во реонот на Арачиново и Радовиш. Една од пораките кои ги добивал мештаните е и оваа: „Нека дојде во Радовиш, село Дедино, таму дрвокрадците купуваат огромни најнови џипови од салон од по 150 иљади евра а никој не ги прашува од кај им се парите”.

Михаилов вели дека за овие неколку месеци направиле повеќе отколку криминалците кои заминаа од власт за цели седум години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ