петок, 18 октомври 2024

Забранет Гоце Делчев за приредба во градинка во скопската населба Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за подготовките за завршна приредба во градинката „Лале“ во скопската населба Аеродром, дел од ЈДГОА „Срничка“.

На седница на управниот одбор на градинката „Срничка“ одржана на 15 мај било заклучено како дел од програмата за завршната приредба да биде изведена изменета форма на песната „Нешто ќе те питам бабо”. Во одлуката никаде не пишува зошто е ова направено.

Во писмото се вели дека спорно било спомнувањето на Гоце Делчев во песната.

с

„Станува збор за цензура. Прочитајте го известувањето од директорката на детската градинка Срничка, каде неколку дена за завршната приредба на дечињата упорно забрануваше изведба на македонска песна Нешто ќе те питам бабо од групата Некст тајм, или бараше да се изведе во скратена форма без стихот каде се спомнува Гоце Делчев!? Се цензурира песна на познати и признаени уметници. Дали треба на деца ова да им се прави“, се вели во писмото и се додава дека родителите побарале вонредна родителска средба но таа не била одржана.

Вработените во градинката апелираат за овој случај да биде запозната јавноста.

Од Општина Аеродром велат дека се против каква било цензура и најавува дека веќе за в петок ќе свика средба со родителите и вработените во градинката Срничка за да се разгледа случајот на менување на програмата за завршна прослава во градинката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ