недела, 19 јануари 2025

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево, синоќа од 22:15 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, информираат од Центарот за управување со кризи.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од превентивни причини на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта извести дека од синоќа на патниот правец крак Маврово – Дебар поради врнежи од снег од превентивни причини во 22.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Утрово од јавното претпријатие извеситја дека од 7 часот се укина забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На возачите им препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ