четврток, 26 декември 2024

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила кај Узем– Деве Баир и Крива Паланка – Деве Баир

Поради врнежи од снег, денеска од 10 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец село Узем – граничен премин Деве Баир, соопшти Македонијапат. Оттаму уште информираат дека е укината забраната за камиони на патот Битола – Ресен.

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ информира дека поради обилни врнежи од снег од 9:55 часот на патот Крива Паланка кон Деве Баир е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила.

Од 9:15 часот на патниот правец Битола – Ресен кај превој Ѓавато и обратно, престанува забраната за одвивање на сообраќај за тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на Македонијапат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ