Од 06:30 часот е нормализирано движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од клучка Демир Капија до клучка Смоквица.
Активни забрани за движење на камиони има патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, на Пресека, Плетвар, Ѓавато, Струга – г.п. Ќафасан, Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема) и Струмица – Берово. Од 07:30 часот е воведена забрана за за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.