Забраната е за плоштадот „Македонија“, улицата „Димитрие Чуповски“, булеварот „11 Октомври“ пред Собранието на Македонија, улицата „Филип Втори“, од булеварот „Гоце Делчев“ до булеварот „Илинден“ и пред Владата на Македонија.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.
Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата“, се вели во известувањето на МВР.