сабота, 27 јули 2024

Забележан првиот случај во светот: Поларна мечка угинала од птичји грип

Поларна мечка угинала од птичји грип што е првиот ваков забележан случај во светот, соопштија властите на сојузната американска држава Алјаска.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се претпоставува дека мечката, најдена мртва во Уткијагвик, најсеверниот регион на Алјаска, била заразена со јадење мрши на морски птици, пренесуваат агенциите.

Од мечката се земени примероци на брис и утврдено е дека била позитивна на сојот Х5Н1 на птичјиот грип, кој се прошири на речиси сите континенти од 2021 година.

„Ова е првиот забележан случај на поларна мечка со птичји грип, кога било“, кажа државниот ветеринар на Алјаска, докторот Роб Герлах.

Смртта е дополнителен доказ за способноста на Х5Н1 да се шири и да зарази цицачи, што предизвика стравувања дека вирусот еден ден може да мутира и да премине на луѓето.

Низ светот секоја година илјадници ајкули, фоки, лисици, дури и мачки, умираат од инфекцијата, покрај милиони птици.

Иако повеќето цицачи се заразуваат со јадење мртви птици, постојат сè повеќе докази дека Х5Н1 може да се прошири директно меѓу одредени видови.

Се додава дека е можно на Алјаска и други мечки да угинале од птичји грип, но дека тоа не е забележано, бидејќи документирањето на случаи кај кои било диви животни-цицачи е тешко, особено во зафрлените области како Уткијагвик.

Влијанието на Х5Н1 веќе се чувствува во најоддалечените области на планетата. Птичјиот грип беше детектиран за првпат на Антарктикот во октомври, а неколку диви птици беа најдени на територијата на јужна Џорџија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ