петок, 18 октомври 2024

Забава, дружба и уживање на прославата 100 години Прилепска пиварница

Прилепска пиварница, столбот на традицијата и на квалитетот во пиварската индустрија, во саботата, на 13 јули, организираше голема прослава во чест на својата 100-годишнина. Настанот во Прилеп беше сведоштво за еден век извонредна посветеност кон производството на пиво и кон заедницата.

Објавено на

часот

Сподели

Прославата официјално ја отвори Марјана Станојковска, која ја најави проекцијата на корпоративното видео за пиварницата, кое сведочи за досегашната работа. Потоа, топло добредојде на присутните им посакаа и генералниот директор на пиварницата, Сашко Самарџиоски, заменик-генералниот директор, Панде Самарџиоска, и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Во своите обраќања тие се осврнаа на богатата историја на пиварницата, на нејзината долготрајна посветеност на квалитетот како и на нејзината важна улога во поддршката на локалната заедница.

По обраќањата, присутните имаа можност да уживаат во музичките настапи на ДНК, Тропико бенд и неповторливата Марија Шерифовиќ. Нивните енергични настапи ја подигнаа атмосферата, обединувајќи ги гостите во прославата на овој значаен јубилеј. А, за да биде уживањето уште поголемо, пиварницата овозможи пијалаци по роденденски цени, па присутните можеа да се освежат со домашните пива – студени Крали Марко и Златен даб, увозните пива Карлсберг и Туборг, соковите Пепси, Миринда и Газоза, како и водите Аква Вива и Књаз Милош.

Кулминација на вечерта беше спектакуларниот огномет што го осветли небото над Прилеп, симболизирајќи ги многубројните достигнувања на Прилепската пиварницата во изминатите 100 години.

Додека Прилепска пиварница со возбуда се движи кон следните 100 години извонредност во производството на пиво, таа останува посветена на одржувањето на своето наследство на квалитет, традиција и ангажман кон локалната заедница.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ