„На сопствениците и менаџерите им беше укажано на обврската за доследно почитување на законските одредби особено од законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Нивна должност како правни и одговорни лица или трговци поединци кои вршат угостителска дејност – да преземаат соодветни мерки во таа насока. Посебен акцент беше ставен на употреба или пукање со огнено оружје или со пиротехнички средства надвор од законските прописи“, нагласи портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој посочи дека од страна на полициските службеници било укажано на забраната за точење алкохол на малолетни лица, како и за законската обврска од навремено пријавување во полиција на било какви нарушувања и други недозволени појави и однесувања на гостите.
Реџепи оцени дека оваа средба има за цел ефикасно функционирање на МВР и одржување на поволна безбедносна состојба во областите на јавниот ред и мир, криминалитетот и безбедност во сообраќајот.