Романија, членка на НАТО, веднаш подигна два борбени авиони како мерка на претпазливост.
Паѓањето на делови од беспилотни летала и нарушувањето на романскиот воздушен простор се чести појави во изминатата година и половина, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, пренесуваат регионалните медиуми.
Романија, Унгарија и Полска постојано известуваат за прекршување на воздушниот простор откако Русија ги започна нападите врз Украина во февруари 2022 година.