сабота, 27 јули 2024
Невообичаена изборна ситуација

За време на молкот за претседателските ќе тече кампањата за парламентарните избори

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај. Па така, за време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната комапања за парламентарните избори. Ова, како што појаснуваат од Државната изборна комисија (ДИК), е уникатна и единствена ваква ситуација досега. A, рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март.

Објавено на

часот

Сподели

Додека трае молкот за претседателски избори продолжува кампањата за парламентарните избори, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

„Би сакал да прецизирам една моја изјава, со оглед дека се поклопуваат кампањите за претседателски и за парламентарни избори. Законот е јасен дека има предизборен молк за претседателски избори на 22 април и трае до 24 април. И тој нема да се поклопи со другиот молк, за парламентарни избори. Да нема забуни. Сметам дека ова е доволно објаснување затоа што претходно во изјавата не кажав датуми“, рече на денешната седница Даштевски.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, а кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај. За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната комапања за претседателските избори. Ова, како што појаснуваат од ДИК, е уникатна и единствена ваква ситуација досега.

A, рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Правилник за собирање на потписи, којшто денеска ќе биде објавен на веб – страницата на Комисијата.

„Собирањето на потписи се одвива пред сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Постапката почнува на 23 февруари и ќе трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат во две смени. Наутро од 8 часот до навечер до 20 часот, додека последниот ден на 8 март ќе работат до полноќ“, информира членот на ДИК Борис Кондарко.

Иницијативата за собирање потписи за поддршка на поднесена листа на кандидат за претседател и пратеници, како што рече, се поведува со поднесување на известување и изјава до ДИК од страна на предложениот кандидат односно лицето овластено од негова страна со генерално известување заверено на нотар. Потребните документи ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и сите заинтересирани ќе можат од таму да ги преземат.

ДИК денеска го усвои и Павилникот за постапување на полицијата за време на спроведување на изборите. Претседателот на Комисијата Александар Даштевски истакна дека се работи за истиот Правилник од изборите во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ