сабота, 27 јули 2024

За Велигденските празници бесплатно ќе биде паркирањето во Центар

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на пајак службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Посочуваат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ