сабота, 27 јули 2024
Јовица Тасевски-Етернијан

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

За употребата на термините „Македонија“ и „македонски“

Употребата на терминот Македонија од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, не само што не е во спротивност со одредбите од таканаречениот Преспански договор и не може да се оквалификува како негово прекршување, туку е целосно во согласност со Член 7 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните („Преспанскиот договор“).

Имено, во ставот/точката 1 на Членот 7 од конечната спогодба („Преспанскиот договор“) е наведено дека двете страни ги прифаќаат разликите во нивното разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ и дека употребата на овие термини кај нас и во Грција се однесува на различен историски контекст и културно наследство. Согласно ставот/точката 3 од конечната спогодба, за нас односно како што децидно стои во потпишаната спогодба, за „Втората страна овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2)“, а во ставот/точката 5, пак, по однос на ова прашање се заклучува дека „Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни“.

Значи, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го употреби терминот Македонија (и има право и понатаму да ги употребува термините „Македонија“ и „македонски“) во согласност со одредбите од конечната спогодба („Преспанскиот договор“), бидејќи овие термини во нашата држава ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со сопствена историја, култура и наследство, а примената на одредбите од спогодбата не смее на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата на термините Македонија и македонски од страна на граѓаните.

Заклучно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не само што не треба да биде „прекорена“ или „искарана“ од некои бирократи што во моментов имаат високи функции во Европската Унија и во околните држави, како и од некои делегитимирани политичари и политиканти, туку истите треба јавно да ѝ се извинат нејзе и на сите други граѓани кои имаат право слободно да ги употребуваат термините „Македонија“ и „македонски“ сега и засекогаш.

Јовица Тасевски-Етернијан
поет, книжевен критичар и есеист

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ