вторник, 10 декември 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

За што уште треба да се извини британскиот крал?

Во 1948 година британските сили, само четири години по поразот на фашистичка Германија, заедно со монархофашистичка Грција ги бомбардираа позициите на македонските и грчките партизани, комунисти, во Егејска Македонија и фрлија напалм бомби по македонските села. Британија стана дел од политиката на Грција и егзодусот на Македонците само затоа што се уплашија од можното ширење на комунизмот и на руското влијание на овој дел од Балканот.

За оваа историска епизода писателот Евтим Клетников напиша: „…Ариевската супрематистичка филозофија на Хитлер е безмалку целосно пресликана и во британските ариевски, нарцистички и супрематистички постулати за владеење со Западот и светот. А тоа пресликување го направи како под индиго Черчил. За тоа крунски доказ, исто како и кај фрау Меркел, е пак и неговиот фашистички однос кон Македонците, кои по Втората светска војна во која храбро се бореа на страната на антифашизмот, имено, беа тест за новата европска визија во врска со демократијата, хуманизмот, правдата и вистината, категориите што Западот на големо ги прокламираше како основни постулати на неговата непросветителска и постфашистичка цивилизација. Но Европа падна, се урна на македонскиот тест, па така се повтори (хипо)тезата на Томас Ман веднаш по завршувањето на војната, дека Хитлер е победен, но не и фашизмот. Македонскиот пример е крунски сведок за тоа, се разбира по јапонскиот со американските бомби над Хирошима и Нагасаки во август 1945 година...“

Проектот на ДАГ (Демократската армија на Грција) во чиј состав беа Македонците за воспоставување на комунистички поредок во Грција со сите права за Македонците, мораше да се ликвидира. И тоа беше направено со помош на Британија и грчките монархофашисти.

Како заврши проектот на Британија во Палестина?

Во 1915 година Велика Британија на Арапите им вети независност во замена за борба против Османлиите. Но со тајниот британско-француски договор во 1916 година (Sykes-Picot) палестинската територија беше исклучена од тоа ветување.

Со Балфурската декларација од 1917 година Британија на Евреите им вети создавање на татковина токму на таа територија, на територијата на Палестина. Мандатот на Британија беше да одобри создавање на палестинска држава, но на тоа ветување и денес се чека. Со одлуката на Лигата на нациите, по Првата светска војна регионот Палестина беше под британска администрација. Тогаш продолжи масовното населување на Евреите на палестинската територија.

Во 1939 година Британија предложи создавање на две држави, но Арапите тоа го отфрлија. Во 1947 година Британија ја предава оваа територија под администрација на ОН, кои исто така предложија создавање на две независни држави – Ерусалим требаше да биде под администрација на ОН, а 56% од територијата да им припадне на Евреите. И овој предлог беше одбиен од Арапите. Во 1948 година Израел прогласува независност и зазеде поголем процент од територијата предложена од ОН, Појасот Газа остана под контрола на Египет, а Западниот Брег и источниот дел на Ерусалим беше под контрола на Јордан.

Во овој период повеќе од половина од Палестинците беа протерани. За нив ова беше Накба (катастрофа). Следеа неколку војни на оваа територија, во 2005 година Израел се повлече од Газа, каде сега владее милитантниот Хамас. Официјалниот став на ОН е дека Газа и Западниот брег се под израелска окупација.

Каква е политиката на Велика Британија во Косово?

Политиката на ширење на меѓунационални и меѓурелигиозни судири продолжува. Лондон постојано провоцира и потикнува жаришта за долгорочни меѓунационални судири по светот. За случувањата во Косово голем број на српски експерти постојано укажуваат на оваа политика на Велика Британија – одржување на кризни жаришта во кои главниот непријател секогаш е Русија и исламот.

 Во 2021 година српскиот претседател Александар Вучиќ, како ретко кога, за немирите на северот во Косово прстот во впери во Велика Британија: „Немојте да нѐ правите бидали. Велика Британија стои зад овие случувања на северот на Косово. Тие отворено нѐ лажат. Мислат дека сме дебили и дека можат да ни ја продадат таа приказна за борба против криминалот и корупцијата. Важно им е само Србија да не биде присутна на Косово и Метохија“.

И српските аналитичари велат дека Велика Британија е вмешана во агресивното однесување на властите на Курти на северот на Косово и дека тој има добри врски со Лондон. Сите големи западноевропски држави водат политика на поддршка на косовскиот сепаратизам и помалку или повеќе се поврзани со одредени тамошни политичко мафијашки кланови.

Главната перцепција во Србија е дека Британците на Косово преку Курти ѝ прават проблеми на Европската Унија. Британците на ова поле ‘работат’ и во Албанија и во Црна Гора и во Македонија, а не само на Косово.

Во Брисел е јасно дека по излегувањето од ЕУ британската политика повторно е насочена само кон предизвикување жаришта без барање решенија за проблемот и намалување на руското влијание на Балканот. Слабеењето на позициите на своите конкуренти е главната британска стратегиоја денес. Курти го прави токму тоа – не бара решение, туку предизвикува проблеми.

По излегувањето од ЕУ главната политика на Велика Британија е да се вратат на протсторот на Балканот и затоа имаат и свој специјален пратеник. Британија нема воени сили во мировните операции на Балканот, но затоа присуството на разузнавачките сили е исклучително и насочено кон преземање специјални операции за дестабилизација и предизвикување судири. Константата тука е – анти Русија и анти ислам.

Кога британскиот крал Чарлс Трети ќе се извини за овие понови и постари грешки на британската политика?

 

                                                                                                               Александар Стојановски, Брисел

КОЛУМНИ

Светлана Јовановска

Иновации или играње со европските закони

Ристо Цицонков

Околу новата стратегија за енергетски развој на Македонија

Славој Жижек

Дали Украина треба да има нуклеарно оружје?

Александар Стојановски

Регистар за двојни стандарди

Рајко Пеколски

Надворешни работи

Ристо Цицонков

Има поефикасни решенија за аерозагадувањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ