„Вкупниот број на поднесени кривични пријави од страна на центрите за социјална работа против сторител на семејно насилство за непочитување на судска одлука за изречена привремена мерка за заштита, е 38. Од центар за социјална работа до суд – 798 привремени мерки за заштита, изречени привремени мерки за заштита од страна на граѓански суд – 649“, поосчи Тренчевска.
Таа потсети дека воспоставени се 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во шест плански региони – шелтер центри, осум советувалишта за жртви на семејно насилство, осум советувалишта за сторители на насилство.
Министерката денеска се обрати на настанот во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Дискриминацијата, економската зависност и недовербата – корен на родово базираното насилство“ во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Македонија со поддршката на Британската амбасада во државава.
Настанот се одржува во холот на училиштето Браќа Рамиз и Хамид во општина Шуто Оризари.