„Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан раст. Според информациите од надлежните на преминот се работи со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат редици и чекање“, пренесоа албанските медиуми.
Додаваат дека зголемен проток се бележи во утринските и попладневните часови на денот.
Најголема фреквенција е забележана во неделата, на трети август кога границата ја минале 13.828 патници од нив за влез на албанска територија 8.217 додека на излез 5.611 патници.