петок, 13 декември 2024

За секое искачување на Водно Прокредит банка и Мастеркард засадуваат дрво во твое име

Иницијативата „И јас сум на Водно“, со која секој четврток љубителите на природата имаат можност да спортуваат и да се забавуваат, продолжува и оваа сезона, по четврт пат. „И јас сум на Водно” е проект од спортско-едукативен карактер наменет за сите возрасни групи, со цел мотивирање на заедничко искачување на Водно до планинарскиот дом Даре Џамбаз на 1.060 метри под врвот Крстовар.

Објавено на

часот

Сподели

Голема новина оваа година е што со секое искачување на Водно и скенирање на поставените QR кодови, Прокредит банка и Мастеркард ќе донираат по едно дрво за пошумување на опожарените региони во државата. На овој начин, покрај спортувањето за сопственото здравје, сите посетители ќе можат да направат добро дело и да помогнат во повторното раззеленување на нашата земја.

„Оваа година, заедно со организаторите и нашите партнери Мастеркард, сакаме на учесниците да им овозможиме и нешто повеќе – можност да ѝ возвратат на природата таму каде што ѝ е најпотребно. Ние како банка традиционално секоја година пошумуваме за обновување на опожарените шуми, а сега сите љубители на природата и планината ќе имаат можност да ни се приклучат за уште помасовна еколошка акција. ‘И јас сум на Водно’ e уште една иницијатива во склоп на нашата постојана заложба за одговорно банкарско работење, преку намалување на негативното влијание кон животната средина и поттикнување на здрави навики“, велат од Прокредит банка.

Во организација на планинарскиот клуб „H2О“, секој четврток со почеток од 19 часот ќе се одржуваат и едукативни работилници на различни теми од областите како што се планинарење, планински активности и спортови, кампување, екологија, здрав живот и прва помош. За целокупно доживување, настаните нудат и музичка програма за сите посетители кои сакаат да уживаат во панорамскиот поглед на градот во добра атмосфера.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ