Како што соопшти ПОЦ, од 17 јули до 23 јули 2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението.