петок, 26 јули 2024

За Русија во Софија Кирил и Методиј се бугарски, а во Скопје сесловенски просветители

За руската амбасада во Бугарија светите браќа Кирил и Методиј биле бугарски просветители. Во Скопје руските дипломати во честитката по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, велат дека тие се сесловенски просветители.

Објавено на

часот

Сподели

На фејсбук-профилите на двете амбасади на Русија, во Скопје и Софија, се вели дека во Русија внимателно се чува споменот на светите браќа Кирил и Методиј, творците на словенската литература. Но, во честитката од амбасадата во Софија се вели дека во Русија има многу споменици „на бугарските просветители“.

Во објавата на руската амбасада во Македонија не се користи придавката македонски за светите браќа Кирил и Методиј. „На македонските браќа срдечно им го честитаме нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј, сесловенските просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост, кои му дадоа на словенскиот свет азбука и ги поставија темелите на словенската литература.

Дали Словените имаат азбука? Учењето без азбука и без книги е како да пишувате разговор на вода (Св. Кирил). На слика е споменикот на Свети Кирил и Методиј во центарот на Москва“, се вели во објавата на руската амбасада во Скопје.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ