Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 34,6 %, во приградскиот превоз за 12,1 %, во меѓуградскиот превоз за 15,8 %, а во меѓународниот превоз за 37,6 %.
Во првото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 9,5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 8,1 %, во приградскиот превоз е намален за 0,2 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 22,5 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 76 отсто.