среда, 23 октомври 2024

За продолжениот викенд ЈСП ќе вози според неделниот возен ред

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – ЈСП информираат дека за време на продолжениот викенд по повод државниот празник 8 Септември, трите дена, во сабота, недела  и во понеделник, автобусите ќе сообраќаат според неделен возен ред.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ