четврток, 10 октомври 2024

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври, Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (11.10.2024 година – 13.10.2024 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Објавено на

часот

Сподели

На 11.10.2024 година (петок) и 13.10.2024 година (недела), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ