недела, 19 мај 2024

За прием на Косово во СЕ гласаа и претставниците на Македонија од ДУИ и СДСМ

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со 131 глас „за“ од 171 присутен, со двотретинско мнозинство, го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани, со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на оваа организација. Против гласаа 29, а воздржани беа 11 пратеници. Меѓу пратениците кои гласаа за извештајот на Бакојани се и двајца претставници од Македонија при Советот на Европа, Дарко Каевски од СДСМ и Арта Билали-Зендели од ДУИ. Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, исто така претставник на Македонија во Советот на Европа, не присуствуваше на седницата.

Објавено на

часот

Сподели

По усвојувањето на извештајот, Парламентарното собрание на Советот на Европа сега треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство.

Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи на 16 и 17 мај во Стразбур.

„Тоа би било кулминација на дијалогот кој се развива во период од две децении, но во никој случај не треба да се гледа како крај на еден процес. Напротив, членството треба да катализира импулс за Косово да продолжи да напредува во зајакнувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото“, соопшти ПССЕ.

Во врска со воспоставувањето заедница на општини со српско мнозинство, Собранието посочува дека тоа би било важен чекор за да се обезбеди заштита на правата на косовските Срби. Се додава дека ова прашање треба да биде вклучено во разгледувањето на апликацијата на Косово за пристапувањето во Советот на Европа од страна на Комитетот на министри за надворешни работи.

Челниците на косовските институции, како и политичките лидери во земјата, им се заблагодарија на европратениците кои гласаа во Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово во таа европска организација, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Се слушна гласот на Европејците! Благодарност до сите пратеници кои денеска во Парламентарното собрание гласаа за членство на Косово. Голема благодарност до нашата делегација и сите оние кои континуирано го поддржуваат народот на Косово. Уште еден чекор“, напиша косовската претседателка, Вјоса Османи на платформата „Х“.

Косовскиот премиер Албин Курти во реакцијата по веста, исто така на „Х“, оцени дека ова е голем ден за Косово.

„Голем ден за Косово, гласањето за нашата апликација за влез во Советот на Европа. Ова е убедливо одобрување на евиденцијата на нашата земја за човекови права, демократија и владеење на правото, со што Република Косово е чекор поблиску до полноправно членство“, напиша Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ