петок, 18 октомври 2024

За претседателот Пендаровски реакцијата на австрискиот амбасадор е легитимна

Објавено на

часот

Сподели

„Го следам случајот од она што може да се види од медиумите. Чудни се коментарите дека тоа можеби е мешање во нашите внатрешни работи.  Не станува збор за мешање во внатрешни работи. Станува збор за легитимна обврска на секоја амбасада. И нашите амбасадори кои се надвор и ја претставуваат нашава држава, имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, не само на институциите на државата која ја претставуваат, рече Пендаровски пред почетокот на отворањето на конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, во одговор на прашање.

Тој потсети дека и вчера имало реакција од поранешниот премиер Заев, упатил на институционална разврска.

„Видовме реакција во текот на вчерашниот ден и од поранешниот премиер, кој упати на институционална разврска, така што очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“, додаде претседателот.

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите Дена и Глобал ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на АММА Импорт Експорт џи-ем-би-ејч седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ