сабота, 27 јули 2024

За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ криминални се предлозите на Груби и Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Нашата реакција е повторно во насока на одбрана на македонските граѓани од вакви катастрофални и вакви страшно високи пенали кои што ќе треба да ги исплаќаат повторно граѓаните на Република Македонија.  Притоа Артан Груби и Димитар Ковачевски сакаат по брза постапка, без дебата во Собранието повторно да донесат низа закони, кои се во спротивност со голем број правни начела и уставни одредби. 

Не може да биде европска вредност 60 часовна работна недела, која е  спротивна на Устав, за која Уставен суд веќе има донесено одлука и истата е повторно  спротивна на европските начела. Не може да биде европска вредност експресно доделување на дозвола за експлоатација на минерални суровини без строго предвидена постапка која опфаќа заштита на животната средина, археолошките локалитети, природни богатства...  Не може да биде европска вредност воспоставување на законски паралелизам. И Артан Груби и Димитар Ковачевски го злоупотребуваат механизмот на гласање закони со европско знаменце за да крадат во име на ЕУ, што и штети и на државата и на нејзините граѓаните и на репутацијата која што треба да ја градиме во позитивна насока, а не во насока на криминал“, изјави Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ