сабота, 19 октомври 2024

За пола година најмногу се тргувало со Германија, Британија и Грција, извозот паднал за седум отсто

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари- јуни 2024 година, изнесува 3,9 милиони евра и бележи пад од 7.6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5,5 милиони евра, што е за 0.1 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1,6 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70.9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ