сабота, 19 октомври 2024

За пет часа полицијата во Скопје синоќа казни 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи

Синоќа од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19 часот до полноќ, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Во акцијата беа контролирани повеќе од 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава…“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ